ВИЕ НА GOOGLE!
| Како се рангира Вашиот деловен субјект на најпознатиот пребарувач, Google: |
|
|
|
Почитувани членови на ExploringMacedonia.com,
На нашата адреса секојдневно пристигнуваат прашања и барања за туристички аранжмани и празнични пакети од домашни и странски туристи. Би сакале да Ве повикаме на соработка, доставете ни Ваши нови тури кои ќе бидат понудени на нашиот Портал. |
На 11 јуни 2007 г. во 11 ч. во Стопанската комора прес конференција за промоција на Проектот Sitour CVX
| Sitour CVX проекот има единствен концепт заради јакнење на улогата на туризмот во целиот Балкански регион. Карактеристика на проектот е што тој ќе се реализира истовремено и во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија. За реализација на проектот Владите на Република Македонија и Република Италија како и останатите земји во проектот на 28 март 2007 година потпишаа меморандум за разбирање со кој се овозможува соработката предвидена во проектот да им овозможи на малите и средни компании кои работат во секторот туризам да остварат меѓусебна соработка и да дизајнираат туристичка понуда.  |
|
ПОВЕЌЕ ПОСЕТИТЕЛИ – ПОМАЛКУ НОЌЕВАЊА
| Во однос на посетителите, во 2006 година регистрирано е зголемување на бројот кај странски гости за вкупно 2976, а намалување кај домашните гости за 1647 во однос на претходната 2005. година. |
|
21 март 2007 Македонско-турски деловен совет во Стопанската комора на Македонија
| Турската делегацијата е составена од 16 компании од прехранбено-преработувачката индустрија, индустрија за пластична амбалажа, регионални дистрибутери, извозници, дистрибутери на гориво, системи за греење и ладење, екплоатација на камен, супермаркети, туризам, градежништво, текстилна индустрија, енергетика и трговија со недвижности. Пријавените турски компании од секторот градежништво се заинтересирани за изградба на мали хидроцентрали и за таа цел бараат соодветни македонски партнери. |
|
БИЗНИС МОЖНОСТИТЕ ЗА КАНАДСКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН
| На 27 и 28 март 2007 година, во Белград, Република Србија, Манк центарот за меѓународни студии при универзитетот во Торонто, Канада и Амбасадата на Канада во Белград, организираат регионална конференција со наслов Бизнис можности за канадските компании во Западен Балкан. Оваа регионална конференција претставува одлична можност за запознавање на можностите за соработка помеѓу компаниите од Канада и компаниите од Западен Балкан (Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија). Конференцијата ќе се одвива во пет панел сесиси во следните области: земјоделство и прехранбена индустрија, трговија со недвижности и туризам, енергетика и рударство, телекомуникации и ИТ, банкарство и финансиски услуги. |
|
НАГРАДА 13 НОЕМВРИ ЗА 2006 ГОДИНА
| Наградата “13 Ноември” на Градот Скопје се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Скопје, за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Одборот за доделување на Наградата “13 Ноември“, на 27.10.2006 год, ги избра добитниците на оваа престижна награда која ја доделува Градот Скопје. Добитник на наградата 13 Ноември во областа на публицистиката е националниот портал за туризам Еxploringmacedonia.com за афирмација на Република Македонија и главниот град Скопје на http://adventures.yahoo.com/macedonia. |
|
EXPLORINGMACEDONIA, ДВА МИЛИОНА ПОСЕТИ
| Националниот портал за туризам ExploringMacedonia.com по поставувањето на почетната страна на Yahoo! Adventures, забележа 1.873.879 посети, информира Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), со чија помош е основан порталот. За еден ден, на 26 јули, видео материјалот на почетната страна на Yahoo, бил симнат повеќе од милион пати. Само видео материјалот на археологот Пасkо Кузман, кој што беше на насловната страна на Yahoo за еден ден имал 500.000 посетители, што за Yahoo е највисок забележан рекорд до денеска. По објавувањето, тимот на ExploringMacedonia беше контактиран од меѓународни туроператори од Белгија, Англија, Турција и Австрија кои бараа дозвола за користење на содржината за да го промовираат туристичкиот пакет за Македонија, информира УСАИД, со потсетување дека приказната за Македонија останува на страниците на Yahoo! Adventures  |
|
20 јуни 2006 МАКЕДОНИЈА НА YAHOO
| Познатиот авантурист со значајно портфолио на тема документарни филмови, Richard Bangs, доаѓа во Македонија да сними 5 дневна авантура за спортските активности што можат да се доживеат во нашата земја која ќе биде презентирана на Yahoo, пред широката Интернет јавност. Македонија ќе биде седмата земја чии природни убавини се презентирани на овој начин.  |
|
Бесплатни врвни консултантски услуги за членовите на ExploringMacedonia.com!
| Ни претставува задоволство да Ве повикаме да ни доставите термин кога би сакале да се сретнете со консултантката Мелани Александер, која ќе престојува во Скопје од 20.05 до 11.06.2006. Г-ѓа Александер е наречена една од „Најмоќните жени во туризмот“ од страна на списанието за туризам Travel Agent Magazine, каде се појавува и на насловната страница и ќе престојува во Скопје на покана од ExploringMacedonia.coм. |
|
Договор за организирање, продажба и реализација на туристички пакет
| Советот за заштита на потрошувачите на седницата одржана на 7.07.2006 година ја разгледа и усвои Препораката на Договор за организирање,продажба и реализација на туристички пакет аранжман изработен од Организацијата на потрошувачите на Македонија, Министерството за економија и Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија (АТАМ). |
|
Во пресрет на Лето 2006
| Македонија... Мала, но прекрасна земја, вгнездена во југоистокот на Европа, позната по своето гостопримство, таа на своите посетители им нуди уникатна комбинација од природни убавини и егзотични традиции и култури. Со вкусната кујна и љубовта кон музиката, танцот и општата веселба, Македонците знаат што да направат за да нивните гости се чувствуваат како дома. Македонија... Една од последните неоткриени европски земји во која има за секого по нешто, а животот има поинаков ритам... |
|
Нискотарифни авиокомпании - Budget Flights
| Со МАТ и 11 други авиокомпании беа превезени 576.000 патници, за 9,3 % повеќе од 2004г. Со странските летале 2/3 од патниците. Авиокомпаниите што нудат евтини летови ја заобиколуваат Македонија иако се присутни во држави во регионот. Со авиопревозници како Rayan Air, EasyJet, Germanwings, Wizzair може да се лета ... |
|
Коментари од посетители
| ime: Angela Nakovska country: United States komentari: I have never found a better Macedonian site than this one. I am so happy that it exists and I can visit and read about and send it to my friends so they can read about our many qualities, accomplishments and history anytime I want. Whoever is maintaining this website, I applaud you and THANK YOU for giving me such a worthy resource. Keep up the great work. Angela.  |
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
Формулар за членство
|
| |
ExploringMacedonia - one year later
•169 commercial members of the portal •Over 2000 pages and 2600 images •Over 4100 sites have a link to the Portal •Over 1000 e-mails (20 e-mail a week to Customer Support on average) •High ranking on the Internet search engines (“travel Macedonia”) |
|