Вториот ден од Mavrovo Maximum Adventure се одржуваат Adventure Games натпреварите кои се наменети да го подобрат тимскиот дух а во кои најважна е снаодливоста, интелегенцијата и агилноста при совладување на препреките.

Adventure Games за разлика од Sport Games се тимски активности каде учесниците ќе имаат задача заедно да ги совладаат препреките и да ја завршат секоја од игрите во најбрз можен рок.

Од секоја активност најдобрите времиња добиваат поени кои влегуваат во вкупното бодување на секоја екипа. Секоја екипа во зависност од играта, има можност сама да го состави тимот од учесници за секоја активност, со цел полесно да ги совлада препреките и да оствари најдобро време.За овие игри натпреварувачите потребно е да носат обична спортска опрема, сите реквизити потребни за остварување на игрите ги обезбедува организаторот.