Ски центарот Маврово, заедно со Експлоринг Македонија оваа година по трет пат го организираат еден од најпредизвикувачките аматерски спортски настани - “Mavrovo Maximum Adventure”. Овој настан е наменет за компании и е еден вид на лесен спортски тим билдинг со натпреварувачки карактер, каде екипите се натпреваруваат во авантуристички спортови со цел да победи подобриот.

Настанот ќе се одржи од 03 - 05 јуни, на терените на Маврово и Мавровско Езеро. Овој евент се состои од 2 дела, Sport Challenge и Adventure Games.

SPORT CHALLENGE

Првиот ден натпреварувачите ке имаат можност да се натпреваруваат во 10 дисциплини (8 натпреварувачки и 2 ревијални):

ВОДА

  • Кајак на мирни води


ВОЗДУХ

  • Стрелаштво
  • Стреличарство
  • Фрлање на копје
  • Пикадо

ЗЕМЈА

  • Планинско трчање
  • Планински велосипедизам

ОГАН

  • Трка со џипови (р)
  • Трка со АТВ и Крос мотори (р)

ADVENTURE GAMES

Вториот ден од Mavrovo Maximum Adventure се состои од забавни игри кои се наменети да го подобрат тимскиот дух а во кои најважна е снаодливоста, интелегенцијата и агилноста при совладување на препреките.

“Adventure Games” se состојат од неколку игри, секоја различна, каде учесниците ќе имаат задача заедно да ги совладаат препреките и да ја завршат секоја од игрите во најбрз временски рок. За секоја игра секој тим сам одлучува за тоа кој од екипата ќе учествува во предизвикот.

Екипите со најдобри времиња за секоја од игрите добиваат дополнителни поени кои влегуваат во вкупното бодирање за финална победа на Mavrovo Maximum Adventure. На крај се собираат сите поени добиени од предизвиците од двата дена, каде се наградуваат екипите со најголем број освоени поени.

НАПОМЕНА: Во настанот имаат право на учество сите оние кои активно не се занимавале со професионален спорт од 2005/2006 година.